Пејачката прошетала три катастрофални трендови: Долниот дел од сликата го крие најлошиот дел од комбинацијата

Точка

23/02/2017

19:08

6.889

Големина на фонт

а а а

Никол Шерзингер важи за една од најубавите, но и најстилизираните дами. Затоа, сите се прашуваат што ѝ се случило сега...

BRIT наградите повторно покажаа кој знае добро да се облече за црвениот тепих, а кому би му било подобро ако останел дома. За жал, Никол се најде на втората листа.


Славната пејачка како намерно да ја одбрала фризурата, шминката, но пред сè облеката, во која ќе изгледа најлошо.

Оваа фризура навистина е во тренд, но тоа не значи дека треба слепо да се следи, дури и ако очигледно не ни стои добро.


Тука е и шминката, која во целата приказна е најмалку проблематична, но сеедно не е доволно добра за црвениот тепих. Претпоставуваме дека пејачката не сакала да го одвраќа вниманието од клучното парче, а тоа е црвениот комплет.


Не знаеме кој ја наговорил Никол да го облече ова, но се надеваме дека тоа нема да му го прости. Црвеното долго сако само по себе е доволна катастрофа, но Никол и нејзиниот стилист очигледно сметале дека е толку убаво, што заслужува да се повтори уште еднаш, овој пат на нозете.


Никол изгледа како да излегла од осумдесеттите години на минатиот век, но не во позитивна смисла. Попрецизно, изгледа како специјално да ги одбирала најлошите работи од овој период, па тоа гордо го прошетала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг