Филмови на кои им се предвидува огромен успех оваа година

Точка

23/02/2017

16:30

5.311

Големина на фонт

а а а

Првите неколку месеци во годината се секогаш возбудливи во филмскиот свет. Од една страна, имаме листа на филмови на кои можеме да се радуваме, а од другата страна се сите оние предвидувања поврзани со истите.

Една од најинтересните ставки во филмската индустрија е секако заработката, а веруваме дека големите компании кои вложуваат во претстојните остварувања би биле пресреќни доколку нивниот проект оствари успех на тоа поле.

Затоа, Cinema Blend објави листа на филмови, кои би можеле да бидат на врвот од топ листите кога е во прашање остварената заработка во текот на годината.

Погледнете дел од филмовите кои се најдоа на оваа листа:

“The Fate of the Furious”

На половината од април, или поточно на 14. април оваа година, со нетрпение се очекува осмиот дел од франшизата “Fast & Furious”. Ова е една од најуспешните франшизи во кинематографијата денес, па затоа не би нè зачудило заработката за истиот да е вртоглава. За потсетување, во 2015. година, “Fast & Furious 7” оствари заработка од 1,52 милијарди долари и со тоа стана шестиот најдобар филм на сите времиња.



“Transformers: The Last Knight”

Оваа година, излегува петтиот дел од познатата франшиза “Transformers”, а неговиот успех се предвидува поради вкупната заработка на франшизата од 3,8 милијарди долари. Дали ова продолжение ќе биде успешно како и останатите, останува да видиме на премиерата, закажана за 23. јуни.



“Wonder Woman”

Единственото остварување во кое егзистира хероината со чудесни моќи, ќе имаме можност да го гледаме во продолжението на DC Extended Universe. Претходните филмови во рамки на оваа франшиза, “Batman v Superman: Dawn Of Justice” и “Suicide Squad” заедно бележат заработка од 1,68 милијарди долари. Според ова, очекуваме дека и премиерата на “Wonder Woman”, која е закажана за 02. јуни ќе ги наполни кино-салите ширум светот.



“Logan”

По успехот на одличниот “Deadpool”, публиката очигледно е отворена за R-рангирани суперхеројски филмови, па така се очекува огромен успех и со “Logan”, кој ќе се прикажува на големото платно на 03. март оваа година. Овој R-рангиран филм во голема мера ќе привлече публика во кината, поради тоа што официјално, ова е последниот филм на Хју Џекмен во улогата на Wolverine.



“Justice League”

Со обѕир на тоа што се појавуваат голем број на DC Comics суперхерои, овој филм има сè што е потребно за добар профит. Оваа акциона авантура со Batman, Superman, Wonder Woman, Aquaman и Flash, премиерно ќе биде прикажана на 17. ноември оваа година.



“Spider-Man: Homecoming”

Досега, петте Spider-Мan филмови имаат остварено заработка од 3,96 милијарди долари, па повеќе од јасно е зошто публиката со нетрпение ја чека премиерата на овој филм. Mладото момче во главна улога, Tom Holland, имавме можност да го видиме во минатогодишниот филм “Captain America: Civil War”, а како ќе се снајде во новата улога ќе видиме на 7. јули 2017. година.



“Star Wars: Episode VIII”

Претходниот, седми дел во 2015. година оствари заработка од 2,07 милијарди долари и така стана трет филм со најголем профит досега. Оваа година го очекуваме осмиот дел од оваа фасцинантна филмска франшиза, чија премиера е закажана за 15. декември.



Спонозорирани линкови

Маркетинг