Исчезнал примерок од метал кој би можел да го промени животот кој го познаваме

Точка

23/02/2017

15:06

6.519

Големина на фонт

а а а

Исчезнал единствениот примерок од металниот хидроген, метал кој наводно го создале научници од Харвард, а за кој се верувало дека може од темел да го промени животот каков што го познаваме.

Според една од теориите, металот би можел да биде суперводич кој би овозможил создавање на побрзи компјутери и би заштедил голема количина на енергија. Исто така, би се користел за произведување на нови видови ракетно гориво, што би го унапредило истражувањето на Сончевиот систем.



Минијатурниот примерок се чувал помеѓу два дијаманти под притисок поголем од оној во центарот на планетата и на температура блиска до апсолутна нула. При обидот да се измери притисокот со помош на ласер, еден дијамант се скршил во ситни парчиња, во кои не биле пронајдени траги од метален хидроген, јавува Independent.


Професорот Исак Силвера, открил дека не може да опише со зборови како се чувствувал кога сфатил дека единствениот примерок е изгубен. Тоа би можело да значи дека металниот хидроген е нестабилен и дека при собна температура и на нормален притисок се претвора во гас.


Многу научници сметаат дека примерокот на метален хидроген никогаш не ни бил направен.



Спонозорирани линкови

Маркетинг