Боуви и Џорџ Мајкл доминираа на BRIT Awards, како и “Left Shark” на Кети Пери

Точка

23/02/2017

13:22

1295

Големина на фонт

а а а

Емотивните моменти на изразување почит кон Дејвид Боуви и Џорџ Мајкл, кои починаа минатата година, ги доминираа BRIT Awards - поп-музичките награди од Велика Британија кои вчера се одржаа во Лондон.

Andrew Ridgeley, поранешниот колега од Wham! на Џорџ Мајкл ја предводеше неговата "комеморација", додека пак синот на Боуви, режисерот Данкан Џонс Боуви, зема една од двете постхумни награди доделени на покојниот пејач вчеравечер.

Џонс одржа моќен говор, славејќи го Боуви како човекот кој застана и им даде глас на аутсајдерите и дискриминираните лица, и рече дека тој самиот ќе се обиде да го пренесе ова наследство на своите деца.


Тој изјави: "Го изгубив татко ми минатата година, но и јас исто така станав татко. По шокот од смртта, поминав многу време размислувајќи што точно сакам мојот син да знае за неговиот дедо. И мислам дека ќе биде истата работа која поголемиот дел од фановите на татко ми ја сакаа во врска со него - дека тој секогаш беше тука за луѓето кои се мисли дека се чудни, ексцентрични, различни или аутсајдери - како нивна најголема поддршка, па оваа награда истовремено е и за сите нив".


Подоцна Џонс напиша на својот Твитер профил: "Заборавив да кажам уште една работа за време на мојот говор - Нека се е*е канцерот. Нека се изгуби од планетава!"


Мрачниот, сомбре тон беше зајакнат кога Andrew Ridgeley испеа "пеан" - песна за славење на грандиозноста која ја претставуваше Џорџ Мајкл во музичкиот свет. Џорџ Мајкл бил пронајден мртов во мистериозни околности на Божиќ. Ridgeley беше придружуван од страна на поранешните придружни вокали од бендот кои исто така се обидуваа да ги контролираат своите емоции.



При серијата на споделување анегдоти од раните години кога раснеле во северен Лондон, Ridgeley изјави: "Бевме две момчиња кои ја делеа љубовта кон музика која го воспева животот и чувството дека ја разбираме.. Неговото наследство е од несомнена брилијантносткоја ќе продолжи да сјае и да се рефлектира врз генерациите кои доаѓаат. Џорџ во всоите песни ја остави трансцендентната убавина на неговиот глас, а во поетскиот израз - неговата душа, најдоброто од себе. Јас го сакав премногу, а за возврат ние, вие, сите бевме сакани многу повеќе."

По емоционалните говори за покојните музичари, Крис Мартин ја презема сцената, усогласувајќи ја винтиџ снимката од Џорџ Мајкл со перформанс на "A Different Corner."

Традиционалниот In Memoriam сегмент го рефлектираше она што ни го зема 2016-та година од музичката сцена. Па во прилог на Боуви и Мајкл, слушнавме музика и од Принц, Пит Барнс, Виола Бич, Глен Фреј и Леонард Коен.

Перформансот на Кети Пери беше проследен со прикажување на Доналд Трамп и Тереза Меј како огромни танцувачки скелети. Како и да е, политичката порака беше испратена откако еден од танчерите на Пери, облечен како куќа, беше соборен од сцената за на Твитер набрзо да стане познат како "the new Left Shark".




Спонозорирани линкови

Маркетинг