Живејте го животот со полни гради како Италијанец

Точка

23/02/2017

09:44

4.171

Големина на фонт

а а а

Италијанците важат за народ кој знае да ужива во малите моменти на задоволство како времето поминато со семејството, слушањето на омилениот албум, читањето на добра книга ...

Вакви оази во стресното секојдневие се повеќе од добредојдени и секој од нас треба повремено да си ги даде. Сепак останува прашањето дали доволно ги цениме овие нешта и дали знаеме дека токму овие мали задоволства се исклучително битни во животот? Италијанската животна филозофија е заснована на потрагата и почитта кон малите нешта, а токму тој став беше инспирација и за новиот парфем на козметичкиот гигант Avon, Viva la Vita. Со цел да им го донесе мирисот на љубовта кон животот на потрошувачите од повеќе од 100 држави каде има свои канцеларии, компанијата го создаде освежителниот мирис кој беше промовиран неодамна.


Парфимеристот Хари Фримонт е човекот кој стои зад Viva la Vita и кој сакајќи да ја долови магијата на Италија и да ја смести во шише, го создаде парфемот. Се работи за комбинација на сочен, црвен грејпфрут со возвишена фузија на јаболко, кремасти ноти на магнолија и на сензуална ванила. Парфемот е спој на топол, цветен и овошен мирис и е идеален подарок за моќните жени полни со самодоверба. Инаку Фримонт е човек кој е исклучително етаблиран во своето професионално поле и е добитник на престижната награда FiFi која им се доделува на луѓето кои ги создале најинтересните, најдобрите парфеми изминатата година и со тоа ги поместиле креативните граници во своето поле на работа.


Viva la Vita е парфем за жени и ја носи аромата на италијанскиот начин на живот. Но Avon на припадничките од понежниот пол им порачува дека за да живеат со полни гради треба и да го забават темпото и да ги помирисаат розите на патот. Некои од најинтересните активности кои е лесно да се прифатат е денот да го почнете со голем филџан од вашето омилено кафе, а попладне да одвоите барем половина час (иако пожелно е тоа да биде и повеќе) за себе и да го правите она што ве радува. Вечерите потрошете ги за средби со пријателите и пак за семејството ... Во суштина и нема точен рецепт кој важи за сите луѓе и кој би објаснил како да се живее како Италијанец. Најважното е да посветите време за она што ве прави среќни и притоа да го впивате секој момент односно да не размислувате на идните обврски или на минатите случки.


Како што споменавме сериозна компонента од целата таа приказна е релаксирачкиот, освежителен мирис на парфемот Viva la vita на Avon кој веќе е достапен и на македонскиот пазар.

Повеќе детали околу новиот производ може да најдете на следниот линк avoncosmetics



Спонзорирани линкови

Маркетинг