Во пресрет на 30-годишнината од Dirty Dancing: Откриена е вистината поради која ќе го гледате сосема поинаку!

Точка

22/02/2017

20:48

4.576

Големина на фонт

а а а

Џенифер Греј неодамна откри дека на снимањето на најубавите сцени, кога ја вежбаат точката во езерото, таа во која Џони ја носи Бејби на рацете високо над главата, навистина била незаборавна, но не на позитивен начин.

Оваа година се одбележува 30-годишнината од култниот филм "Dirty Dancing", во кој Патрик Свејзи и Џенифер Греј ги одигра незаборавните улоги на Џони и Бејби.


Џенифер Греј неодамна откри дека на снимањето на најубавите сцени, кога ја вежбаат точката во езерото, таа во која Џони ја носи Бејби на рацете високо над главата, навистина била н- незаборавна, но поради студот и болката.


"Водата беше неописливо ладна, навистина треба да бидеш многу млад и амбициозен за толку многу време да поминеш во толку ладна вода. А покрај тоа, на Патрик му било повредено коленото и силно го болело, па му беше тешко да ме држи. Моравме од прв пат добро да ја снимиме сцената, за да не ја повторуваме", се сеќава Џенифер додавајќи дека после тоа не се ни обидела да изведе нешто слично.



Џенифер открила дека ниту завршната танц точка на бината не идела по план, бидејќи подот бил офарбан баш ноќта пред снимањето на сцената, па чевлите буквално им се лепеле на подот додека играле.


Триесеттата годишнина од филмот ќе ја обележи оваа година со посебно издание од "Dirty Dancing", во исто време и присетување на Патрик Свејзи, кој во 2009-та година почина од рак на панкреасот на 57 години.


Спонозорирани линкови

Маркетинг