Семјуел Л. Џексон за „La La Land”: Едвај ги изгледав првите 20 минути

Точка

22/02/2017

21:00

5486

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Семјуел Л. Џексон, кој е член на Академијата за филмски уметности и науки и со самото тоа е еден од луѓето кои ќе гласаат на доделувањето на Оскарите, вели дека не можел да погледне ни половина час од филмот „La La Land“ кој освои рекордни 14 номинации.

„Успеав да погледнам од прилика 20 минути од филмот кој на сите толку многу им се допадна. Мислам, ги сакам јас Фред Естер и Џинџер Роџерс“, рекол славниот актер алудирајќи на филмот „La La Land“, кој не сакал директно да го именува.


Не го воодушевила ниту семејната драма „Manchester By The Sea“, за која рекол дека „донекаде е интересна приказна“ и дека би сакал Кејси Афлек да се насмеел на нешто во филмот.

Кога станува збор за фаворитите на Семјуел Л. Џексон, му се допаднал филмот „Moonlight“ поради начинот на кој главните актери ги изнеле своите улоги во три различни временски периоди.


„Ми се допаѓаат децата. Ми се допаѓаат сите кои го играа тој лик“, рекол Џексон.

Не крие дека неговиот фаворит за најдобар актер е Дензел Вашингтон кој глуми во филмот „Fences“. „Мислам дека никој не завршил подобра работа од Дензел“, рекол Џексон.


Спонозорирани линкови

Маркетинг