„Suicide Squad 2” би можел да го режира Мел Гибсон?

Точка

21/02/2017

20:11

1746

Големина на фонт

а а а

Гибсон наводно е во почетни преговори околу режисерската позиција за продолжението на филмот.

Warner Bros. наводно е во преговори со Мел Гибсон кого го сакаат на режисерската позиција за продолжението на „Suicide Squad“.


Како што пренесува Hollywood Reporter, на Гибсон се` уште не му била испратена официјална понуда, но славниот актер и режисер е во „рани преговори“ со студиото и „се запознава со материјалот“.

Последното режисерско дело на Гибсон беше акционата драма базирана на вистински настан од периодот на Втората светска војна, „Hacksaw Ridge“, која доби и неколку номинации за наградата Оскар.


Секако, Warner Bros. земаат во предвид и други режисери, вклучувајќи го и Даниел Еспиноса (Safe House, Child 44, Life). „Variety“ пренесува дека на листата се нашле и Рубен Флејшер (Gangster Squad, Zombieland) и Џонатан Левин (Warm Bodies, The Night Before).


Спонозорирани линкови

Маркетинг