Маса: Чудно е што сум назад

КРУГ.МК

21/02/2017

17:41

725

Големина на фонт

а а а

По едно од најкратките пензионирања во историјата во Формула 1, Фелипе Маса е назад на работа и се подготвува за предсезонските тестови и Австралиското ГП.

Поминаа помалку од 4 месеци кога се збогуваше со своите најголеми фанови на домашната трка во Бразил каде доби стоечки овации од сите присутни на настанот.

Сепак, повлекувањето на Нико Розберг до донесе Валтери Ботас во тимот, а Вилијамс сакаше искусен возач за ментор за Ленс Строл и докажан пилот за развој на нивниот болид.

„Чудно е за мене затоа што помислив дека имам неверојатен крај на мојата Формула 1 кариера со сето она што ми го приредија во Бразил. Потоа ми се јави Клер Вилијамс и ми стави до знаење дека сум и потребен на екипата уште една година, а јас се изненадив.

Моите фанови, семејството и сите останати ме охрабрија да го правам тоа што го сакам, а истото ми го велеше и срцето. Никој не се спротистави на мојата одлука да се вратам. Мотивиран сум да продолжам, го сакам тркањето и натпреварувањето. Се чувствувам подготвен да извозам уште еден шампионат.

Навистина се надевам дека болидот ќе биде добар. Ми се допаѓа тоа што имаме нови правила за сите затоа што тоа добро ни дојде во 2014 година и навистина ме мотивираше“, објасни бразилецот за Channel 4.

Фелипе сеуште го нема пробано нити симулаторот на екипата во седиштето во Гроув.

„Симулаторот е само за да добиете некаква идеја, но мора да го возите болидот за да разберете фактички каква е ситуацијата. Новите правила мора да се почувствуваат, аеродинамиката, гумите, механичкиот грип. Симулаторот е само како идеја“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг