Иднината на лекувањето на ракот: Напредувањето на болеста може да биде забавено со новиот револуцинерен третман

Точка

21/02/2017

17:51

3265

Големина на фонт

а а а

Лекувањето на канцерот би можело да биде многу поуспешно доколку пациентот се воведе во состојба на хибернација која може да се спореди со зимскиот сон на мечките.

На тој начин првенствено ќе се зајакне организмот, а зајакнувањето на здравите клетки би овозможило поголема отпорност на организмот за време на зрачењето. Оваа идеја е резултат на сè поголемиот број на истражувања кои се однесуваат на терапијата со зрачење, но и на искуствата на пациентите кои учествувале во сè уште неконвенционалните третмани на замрзнување. Според нивните зборови, лекувањето дало добри резултати.


Хибернацијата пред сè ги забавува процесите на дишење, работата на срцевиот мускул, метаболизмот и потрошувачката на кислород. Според зборовите на италијанскиот доктор по физика Марко Дуранте, споменатите ефекти би можеле да укажуваат на пат на понатамошни истражувања на полето на лекување пациенти болни од рак, пишува „Telegraph”.

„Половина од сите болни од рак се пациенти кај кои болеста сериозно напредувала. За жал тие имаат повеќе метастази во телото, па евентуалниот третман со хибернација која го забавува прогресот на болеста би бил еден од начините за да се купи време. Во тој случај, терапијата со зрачење не би делувала погубно по и онака нарушеното здравје на пациентот“, тврди Дуранте и додава дека секој третман во лекувањето на ракот е специфичен сам по себе.

„Не можете на ист начин да ги отстраните сите метастази. Постојат органи кај кои хируршки зафат е апсолутно невозможен. Во обидот да го убиете ракот, ќе го убиете самиот пациент. Терапијата со зрачење понекогаш е единственото решение, а нашата амбиција е да го зајакнеме организмот со хибернација“, вели Дуранте.


Хибернацијата би се постигнала со намалување на телесната температура. Италијанските експерти како охрабрувачки пример го наведуваат случајот на шведскиот радиолог Ана Багенхолм. Таа пропаднала низ дупка во мраз, а во студената вода останала околу еден час. Нејзината телесна температура паднала на нешто повеќе од 13 степени Целзиусови, но таа успешно закрепнала.

„Тешко е да се предвидат ефектите на техниката на предизвикана хибернација. Ќе мораме да ги видиме резултатите од сите експерименти кои се прават во лабораториски услови пред дефинитивно да можеме да утврдиме дали оваа постапка е безбедна за луѓето“, вели професорот Питер Џонсон, главен доктор во британскиот Институт за проучување на ракот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг