Која летна дестинација е совршена за Вас, според Вашиот хороскопски знак?

Точка

21/02/2017

15:38

4.301

Големина на фонт

а а а

Доколку сте неодлучни во поглед на летните одмори, еве предлог за Вас – одберете ја следната дестинација според Вашиот хороскопски знак. Малку авантура во животот нема да Ви наштети, нели?

Овен

Вие сте авантуристи, сакате занимливи и “активни” патувања, кои се сè освен мирни и статични. Сакате да откривате нови работи, нови луѓе, нови дестинации и сакате Вашето патување да биде вистинска авантура која никогаш нема да ја заборавите. Затоа, Вашиот глад за возбудливи дестинации “заситете” го, патувајќи на егзотични места како што е Мексико.


Бик

Вие сакате луксуз, забава, музички фестивали, убава природа, спа центри и вкусна храна. Ова се работите кои се приоритетни на Вашата листа за патување. Со обѕир на тоа дека работите многу напорно, Вашиот одмор треба навистина да биде – одмор! Освен спа викендите, почестете се со одмор на бескрајно долгите плажи во Калифорнија.


Близнаци

Кога патувате, Вие обожавате да го истражувате местото на кое се наоѓате. Вашите патувања претставуваат Ваши животни лекции, па затоа одлично ќе Ви прилегаат градовите како Лондон или Њујорк, во кои не само што ќе си поминете незаборавно, туку и ќе видите многу интересни работи.


Рак

За Вас вистинскиот одмор е – море! И крај на приказната. Најмногу Ви годат морските дестинации, плажите и сонцето, а нема поубав звук од звукот на морето и брановите. Затоа, ова лето посетете ги плажите на Масачусетс, а доколку сакате да испробате нова авантура, резервирајте авионски билет до Амстердам – ќе Ве освои со преубавата архитектура, но и позитивната атмосфера која владее во градот.


Лав

Вашиот вкус, кога се во прашање патувањата, варира. Некогаш сакате авантуристички, урбани дестинации, а некогаш само сакате да одмарате и да не правите ништо. Сепак, постојано одите на “динамични” места, за секој случај да имате некоја активност за да не Ви биде здодевно. Ова лето, Вашиот избор нека биде прекрасниот Париз.


Девица

Со обѕир на тоа дека сакате сè да Ви биде испланирано до детаљ, Вие сакате Вашиот одмор да биде целосно избалансиран. За таа цел, Вие неколку дена одвојувате за истражување на местото, а неколку дена уживате во истото. Познавајќи го Вашиот карактер, совршена дестинација за Вас е Кина (поради Кинескиот ѕид, се разбира).


Вага

За Вас е најважно вистински да се одморите, но и да го искусите ноќниот живот. Поради тоа, одберете места како што се Грција и Санторини, кои нудат одмор, но и незаборавни журки.


Шкорпија

По природа сте неизмерно активни и не Ве “држи место”, па поради таквата динамика на животот, едвај чекате да побегнете од сè. Секогаш Ви се потребни неколку дена одмор, без да гледате и слушате никој, па затоа не е ни чудо што одлучувате да патувате сами. Во тој случај, одберете ја Флорида како место на кое никогаш нема да Ви биде здодевно.


Стрелец

Вие сте љубител на едукативните активности. Обожавате музеи и историски знаменитости, и секогаш сакате да фотографирате каде и да одите. Посетете го Перу, каде ќе уживате во занимливите локалитети но и природните убавини.


Јарец

За Вас, вистинскиот одмор е физичката работа во замена за умствената. Вие секогаш сакате да бидете активни и веројатно уживате во волонтерски кампови и слични активности. Ова лето посетете го Њујорк и Хемптонс, во друштво на забавни луѓе.


Водолија

Вие сте големи авантуристи и имате нескротлива желба за нови знаења и искуства. Доколку сè уште не сте одлучиле која наредна дестинација да ја посетите, ние имаме предлог за Вас – Јапонија. Сигурно ќе уживате во истражување на нивната култура и обичаите кои не се типични за нашите краишта. Земете го најдобриот пријател со Вас и авантурата може да започне!


Риби

Нема ништо поубаво од совршените плажи на Хаваи, кои се вистинскиот избор за Вас. Со обѕир на тоа дека сакате да го поминувате времето на плажа, уживајќи во “морската атмосфера” под летното сонце, оваа дестинација е вистинската за Вас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.