Денот кога повторно се заљубив во кафето

Точка

21/02/2017

10:33

1.559

Големина на фонт

а а а

Како штотуку диполмиран студент на Академијата за уметности во Фиренца, вратен во Скопје после 4 години, на подолга фамилијарна посета пред да заминам на работа во архитектонско студио во Лондон, се соочив со предизвик – да пијам добро кафе во скопско кафуле.

Јас сум од оние луѓе што тешко фаќаат кривини од своите рутини, па денот ми почнува хедонистички, во кафуле со лаптоп и еспресо.

Обожавам квалитетно еспресо, подготвено внимателно со мерак, процедено низ навремено прочистена машина и сервирано во стилизиран филџан.


Првото нешто по што забележувам квалитетно еспресо е бојата и густината на пената, следно го запазувам мирисот и на крај вкусот потврдува.

Откако се помирив дека во Скопје нема каде да се напиеш еспресо што детално ги задоволува сите критериуми, почнав да одам во кафулиња по случаен избор и да пијам еспресо само колку да се расонам. Никогаш не сум бил од оние што ставаат цело шеќерче во кафето, да ја утепаат горчината и да го с’ркнат на екс само за да почне денот со поголема динамика.


Ако за мене кафе-културата беше бон-тон, во Скопје станав “некултурен“. Се додека не седнав во ресторанот “La Terazza” на плоштад во Скопје. Пријатен амбиент, мирис на италијанска кујна измешан со мирис на кафе – доволно да почнам да редам носталгични мисли за студентските денови во Фиренца.

Пристигна моето кратко еспресо во бела, мала шољичка со потпис Tonino Lamborghini. Моментот кога повторно го пробав еспресото на Tonino Lamborghini имав ново и омилено кафе- искуство, и тоа сега во Скопје! Тоа беше денот кога повторно се заљубив во кафето!

Tonino Lamborghini е бренд со сигурност кој ќе ви овозможи гурманско уживање во кафето.


Спонозорирани линкови

Маркетинг