Сакраменто го размени Казинс во Њу Орлеанс

Макфакс

20/02/2017

10:50

699

Големина на фонт

а а а

Сакраменто Кингс објавија дека еден од најдобрите центри во НБА лигата, Демаркус Казинс, го размениле во Њу Орлеанс за тројца играчи и неколку избори на престојниот драфт.

Минатата недела Казинс изјави дека нема намера да го напушти Сакраменто, а се претпоставуваше дека тимот по завршувањето на сезоната ќе му понуди нов петгодишен договор вреден 225 милиони долари.

Но во предвечерието на Ол-стар викендот кој се одржа токму во Њу Орлеанс, тимот од Калифорнија објави дека популарниот Буги е трејдуван во тимот на Њу Орлеанс Пеликанс.

Сакраменто за Казинс ги добива Бади Хилд, Тајрик Еванс, Ленгстон Геловеј и неколку пикови од првата и втората рунда на овогодишниот драфт.

Американските медиуми пренесуваат дека Њу Орлеанс ќе му понуди нов договор на Казинс, кој по завршувањето на сезоната ќе стане слободен агент.

Инаку, Казинс и неговиот менаџер Јарик Акана не се среќни поради трејдот, посочувајќи на изјавите на генералниот менаџер на Сакраменто, Владе Дивац, дека „Кингс нема да го трејдуваат Казинс туку ќе му понудат нов договор“.

Во меѓувреме Њу Орлеанс се обиде да реализира трејд со Филаделфија, односно да го донесе Џалил Окафор, а тимот имаше обид и да го донесе суперстарот на Индијана, Пол Џорџ.

Откако не успеаја во намерите со Окафор и Џорџ, Њу Орлеанс го донесе Казинс, кој за соиграч ќе го има Ентони Дејвис МВП играчот на синоќешниот Ол-стар.


Спонозорирани линкови

Маркетинг