Експертите велат дека ова е најлошата секс поза

Точка

17/02/2017

21:00

9.932

Големина на фонт

а а а

Иако звучи претерано, некои секс пози навистина можат да бидат опасни.

Иако повредите поврзани со сексот не се ништо ново, она што научниците го откриле е фактот дека навистина постои „најопасна секс поза“. Имено, дури и во споредба со најлудите пози од Кама Сутра, победник во честите повреди е многу практикуваната „каубојка“, односно позата во која жената е горе.


Според ново истражување, токму оваа поза е главниот виновник за повеќе од 50 отсто од случаите на фрактура на пенисот. Кај оваа повредна буквално доаѓа до напукнување на пенисот, проследено со гласниот звук „крц“ заедно со траума на тврдото ткиво чиј резултат е отекување и подлив на крв. Всушност, станува збор за пукање на мембраната на набрекнатото ткиво на пенисот за која е потребна имобилизација, а во потешките случаи и операција.

Она што е трагично е тоа што голем број на мажи, најчесто поради срам, во случај на таква повреда не бараат помош од лекар на време.


Постои и најбезбедна поза

Научниците објаснуваат дека причината за повредите во „каубојката“ е тоа што жената со целата своја тежина го контролира пенисот и не може да го запре движењето ако дојде до пенетрација на пенисот во вагината под крив агол. Таа поради тоа не чувствува никаква болка, што не може да се каже за мажот.

Како најбезбедна поза се наведува мисионерската во која мажот е горе, бидејќи тогаш тој во целост го контролира аголот на пенетрација.


Спонозорирани линкови

Маркетинг