Пејачката продолжува да се појавува во разголени тоалети: Таа е најатрактивната трудница

Точка

17/02/2017

20:00

8.599

Големина на фонт

а а а

Целата светска јавност беше воодушевена кога Бијонсе целосно гола објави дека е бремена. Потоа, на доделувањето на Греми наградите ги воодушеви сите појавувајќи се во прекрасна црвена тоалета со длабоко деколте, па настапи во костим сочинет само од златни синџири. Сега повторно се појави облечена во секси тоалета со длабоко деколте.


За да ги прослави двете Греми награди, Бијонсе со сопругот Џеј Зи, сестрата Соланж и колешките Мишел Вилијамс и Кели Роланд направила гламурозна приватна забава.


За таа прилика облекла многу провокативна бела тоалета со екстремно длабоко деколте кое ги истакнало нејзините бујни гради.


Од моментот кога објави дека е бремена, Бијонсе не престанува да нè чести со провокативни изданија.



Спонозорирани линкови

Маркетинг