Трамп формира посебна полиција: 100.000 трупи ќе ги „ловат“ илегалните мигранти во Америка

Точка

17/02/2017

19:03

1.908

Големина на фонт

а а а

Администрацијата на Доналд Трамп сериозно размислува за воведување на специјална полиција чија единствена задача ќе биде „да ги лови илегалните мигранти ширум Америка“, пренесува агенцијата АП.

Според тврдењето на новинската агенција, која го добила нацртот од законот, членовите на посебната единица ќе ги сочинуваат припадници на Националната гарда.

АП го нарекува ваквиот план „невиден преседан“. Според замислата на Трамп, преточена во документ на 11 страници, специјалната полиција ќе го покрива просторот од Портланд на север до Њу Орлеанс на истокот од САД.


За одобрување на овој предлог се прашуваат гувернерите на 11 сојузни држави во кои би била стационирана специјалната полиција.

Меѓутоа, од Белата куќа моментално реагирале и извештајот на „Associated Press” го навеле како „лажен“.

Според АП, нацртот на законот бил направен на 25-ти јануари, истиот ден кога Доналд Трамп ја издаде извршната наредба за „зајакнување на јавната безбедност во внатрешноста на границите на САД“. Според наводниот документ, Националната гарда би добила исти овластувања како и офицерите на Имиграционата служба.


Во овој предлог се вклучени и четири сојузни држави кои се наоѓаат на границата со Мексико – Калифорнија, Аризона, Њу Мексико и Тексас, но и седум држави кои се протегаат покрај овие четири – Орегон, Невада, Јута, Колорадо, Оклахома, Арканзас и Луизијана.


Спонозорирани линкови

Маркетинг