После разводот Марк Ентони е во прегратки на 27 години помлада манекенка

Точка

17/02/2017

17:10

5309

Големина на фонт

а а а

Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез се разведе од четвртата сопруга во декември минатата година, а сега е „лудо вљубен“ во 21 – годишната манекенка Маријана Даунинг.

„Многу се вљубени, не се одвојуваат еден од друг“, рекол извор близок до парот. Иако Марк Ентони (48) официјално се разведе од четвртата сопруга во декември минатата година, со манекенката Маријана Даунинг (21) е во врска веќе неколку месеци.


Пејачот е толку маѓепсан од својата нова девојка, што неодамна и` пеел балада за време на концертот во Медисон Сквер Гарден. Пријатели на пејачот за Маријана велат дека е „многу забавна и нежна“.


Даунинг е една од најбараните манекенки моментално и се појавува во рекламни кампањи за славни козметички и модни брендови.


Ентони беше во брак со манекенката Шенон Де Лима две години. Таа побарала развод откако славниот пејач пред камери и публика страствено ја бакнал поранешната сопруга Џенифер Лопез на доделувањето на Латино Греми Наградите.


Латино заводникот има две деца со Џеј Ло, осумгодишните близнаци Ема и Макс, и уште три деца од претходните два брака.


Спонозорирани линкови

Маркетинг