Создадено за уживање: Отворено е првото IMAX VR кино во светот

Точка

17/02/2017

18:00

4616

Големина на фонт

а а а

Првиот чекор е направен во Лос Анџелес, меѓутоа IMAX не планира да сопре тука и има во план да отвори многу повеќе кино сали со виртуелна реалност ширум светот.

Станува збор за поинакви кина од „стандардните“ IMAX кино сали. IMAX кино салите со технологија за виртуелна реалност ниту ќе имаат огромно платно на ѕидот, ниту пак ќе бидат толку големи.

Кино салите ќе бидат опремени со удобни седишта и моќни кациги за виртуелна реалност, па така просечните корисници кои што не можат да си дозволат таква технологија, а сакаат да уживаат во неа, ќе можат тоа да го сторат во IMAX кино салите специјализирани за виртуелна технологија.


Првото IMAX VR кино кое што е веќе отворено во Лос Анџелес ќе понуди миск на Starbreeze StarVR и HTC Vive кацигата за виртуелна реалност.

Овие кациги ќе бидат потавени на 14 изолирани места кои што исто така ќе имаат и Dbox кино седишта, физички контролори и вибрирачки Subpac за посебно доживување.

IMAX VR кино салите ќе понудат разни VR игри и филмови кои што ги вклучуваат Eagle Flight, The Walk, Star Wars: Trials on Tatooine и слично. Како што соопштија од кино салата во Лос Анџелес, во следните неколку месеци ќе бидат достапни повеќе содржини, а во меѓувреме IMAX ќе отвори повеќе кино сали ширум САД.


Спонозорирани линкови

Маркетинг