Наставници се снимале додека кажувале со кои ученици би имале секс

Точка

16/02/2017

21:00

4.238

Големина на фонт

а а а

Неколку наставници од Мичиген се снимале додека давале непристојни коментари за ученици.

Седум наставници вработени во училиштето Бангор, давале коментари за ученици во шестминутната видео снимка која осамна на Јутјуб.

Тие ја играле играта “F*ck, marry, kill” во која извлекувале имиња од ученици и кажувале со кого од нив би сакале да имаат секс, со кого би се венчале, а кого од нив би убиле.

Секретарот на училиштето одлучил да суспендира двајца од наставниците, а родителите на учениците биле бесни.

„Поразена сум од овој факт. Нивните стандарди мора да бидат високи. Ваквиот начин на зборување за деца е неприфатлив. Сите овие деца се малолетни, а ова навистина не е во ред“, рекла Аманда Репрогал, мајка на 15 – годишен ученик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг