Открива еден интимен дел од телото: Ултра секси фустанот на „Диор“ кого славните убавици го обожуваат

Точка

16/02/2017

19:02

5.919

Големина на фонт

а а а

Пред само неколку недели, целиот моден свет зборуваше за провидниот фустан од модната куќа „Диор“ во кој Бела Хадид ги покажа брадавиците. Сега ѝ се придружија и останатите славни дами, а последна од нив е актерката Сиена Милер која на премиерата во Берлин облекла многу сличен модел.


Фустанот инспириран од долна облека со провиден корсет и здолниште од тул е многу популарен меѓу славните убавици.


За разлика од фустанот на Бела Хадид, оној на Сиена бил во црна боја и украсен со везени цветови кои едвај ги покривале нејзините брадавици. На црвениот тепих сите очи биле вперени во русокосата актерка.



Актерката и пејачка Дијана Агрон, која ја знаеме од американската серија „Glee”, исто така неодамна се појавила облечена во провокативниот фустан на „Диор“.


И најпознатата италијанска блогерка Кјара Ферањи ја прошетала оваа атрактивна креација.



Спонозорирани линкови

Маркетинг