Екипите сакаат ново здружение

КРУГ.МК

16/02/2017

18:00

781

Големина на фонт

а а а

Водечките Формула 1 екипи се во почетни преговори за формирање на Здружение преку кое би ги заштитиле своите позиции во преговорите со Либерти Медиа околу новата распределба на приходите.

Најголемите екипи сакаат да се организираат за да ги заштитат своите бонуси кои ги добиваат со самото појавување на гридот секоја сезона. Autosport дознава дека се работи за Мерцедес, Ред Бул, Ферари и Мекларен.

Во 2008 година во Маранело екипите ја формираа ФОТА (Formula One Teams Association) со цел да се зезаеме единствен став во преговорите со ФИА и Formula One Group, а околу иднината на спортот. За Претседател на Здружението беше поставен тогашниот прв човек на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, со цел да преговара за новиот Конкорд договор со Берни Еклстон. Мартин Витмарш го замени ди Монтеѕемоло следната година, а по потпишување на Конкорд договорот, 4 екипи ја напуштија ФОТА во 2011 година, што беше главна причина органзацијата во 2014 година официјално да престане да постои.

Веднаш по превземањето, американците од Либерти Медиа не криеја дека сакаат да го променат системот на плаќање кон екипите и го окарактеризираа како нефер извор на недоразбирања и најавија негова ревизија.

Согласно постојниот договор кој е преговаран од страна на Берни Еклстон, 4те најголеми екипи имаат загарантирано 65% од вкупните годишни плаќања кон екипите.

„Подготвени сме да пристапиме кон средби и преговори помеѓу шефовите на екипите, но прогресот на таквите преговори може да биде бавен, а некои екипи може да се трудат со цела сила да ги заштитат своите позиции. Мораме со сите сили заедно да работиме за доброто на Формула 1“, изјавил за Autosport неименуван член на екипа од големата четворка.


Спонозорирани линкови

Маркетинг