Ристевски се пласираше во второто квалификациско возење во велеслалом, Симјановска го заврши настапот во Сент Мориц

Дерби

16/02/2017

13:15

738

Големина на фонт

а а а

Четиримината македонски скијачи настапија на денешните квалификации за велеслалом на Светското првенство во скијање кое се одржува со Сент Мориц, а по првата извозена квалификациска трка, стана јасно дека само еден ќе се бори за пласман во главната трка.

Најдобар пласман оствари Антонио Ристевски кој заврши на 61-то место, односно 22 места погоре од вториот македонски претставник кој ја заврши трката, Марјан Нашоку (83-то место). Виктор Петков остана без пласман поради дисквалификација, додека Лука Божиновски доживеа пад и остана без време на утринскиот велеслалом во Швајцарија.

Тоа значи дека последните тројца останаа без шанси за настап на втората квалификациска трка која е на програмата ова попладне, а на која ќе го гледаме Ристевски кој поради најдобрите ФИС точки обезбеди стартно место.

Покрај квалификациите во машката дисциплина, ова утро се одржа и финалната трка во велеслалом во која се натпреваруваа жени, на која македонската скијачка Лидија Симјановска за жал не обезбеди пласман во втората трка. Симјановска го заврши својот настап во оваа дисциплина откако нејзиното време беше поништено од страна на организаторите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг