Во пресрет на Оскарите, еве ги победниците кои ќе ги доделуваат златните статуетки!

Точка

15/02/2017

16:20

2.845

Големина на фонт

а а а

Се откриваат се повеќе детали околу 89-тото доделување на Оскари. Сега знаеме и кој ќе ја води оваа церемонија..

Помалку од месец дена не делат од 89-тото доделување на Оскари. Како што се доближува оваа гламурозна вечер, дознаваме кој ќе ги дели златните статуетки на овогодинешните добитници на Оскар.


Џенифер Тод и Мајкл Де Лука откриваат дека помеѓу презентерите ќе се најдат и добитници на Оскар од минатата година.

Па така престижните награди на своите наследници ќе им ги доделат Бри Ларсон, Алиша Викандер, Марк Риланс и Леонардо ДиКаприо - кој својот прв Оскар го доби минатата година за главна улога во филмот "The Revenant".


Актерката Бри Ларсон својата златна статуетка ја заслужи за толкување на главната улога во филмот "The Room", Марк за "Bridge of Spies", a Алиса Викандер за улогата во "The Danish Girl".


Овогодинешната церемонија за доделување на Оскари ќе се одржи на 26-ти февруари во Лос Анџелес, а ќе ја води познатиот комичар Џими Кимел.


Да се потсетиме - најголемиот фаворит за Оскар за филм оваа година е филмот "La La Land" кои освои дури 14 номинации, а истовремено влезе во историјата како првиот мјузикл кој е номиниран во 14 различни категории.


Спонозорирани линкови

Маркетинг