Катарактата и диоптријата сега можете да ги решите само со еден зафат

Точка

15/02/2017

13:21

1884

Големина на фонт

а а а

Во денешно време можете на лесен начин да ја решите катарактата (перде) односно состојбата кога гледате заматено, боите ги гледате бледо и чувствителни сте на светлина.

Во очната клиника Систина Офталмологија, која е дел од групацијата Свјетлост, интервенцијата за катаракта (перде) се извршува со еднодневна хирургија, безболна е и безбедна, а вие веќе истиот ден заминувате дома. Она што е многу важно е дека освен што ќе ја решите катарактата (пердето), можете да се ослободите и од диоптријата, односно веќе нема да имате потреба да носите очила за вид. Замислете, оние два пара очила кои ги користите за блиску и за далеку, па постојано ги ставате и вадите, па ги губите и ве нервираат сега можете да ги замените со интраокуларни леќи, кои не се како контактните. Интраокуларните леќи се имплантираат во вашето око и се доживотни, а вие немате потреба за нивна грижа. Со нив, буквално ќе можете да уживате во вашите навики.

„Потребата за едноставно и лесно извршување на секојдневните обврски како: читање книги, употреба на дигитални апарати, работа на компјутер и слично, без користење на очила за блиску и брзо прилагодување на нови промени, се причините поради кои ги воведовме и PanOptix во нашиот спектар на мултифокални интраокуларни леќи“- вели д-р Златко Арнаудовски, стручен директор на Систина Офталмологија.


Овие леќи имаат многу предности, па така светлината навечер не се прекршува, што е особено важно за ноќното возење, а PanOptix леќите имаат и побрза адаптација на окото на промената на видот. Тие се препорачуваат и за сите вас кои немате катаракта (перде), а сакате да се ослободите од очилата. Која интервенција за вградување на мултифокалните леќи е најсоодветна за вас, ќе утврдите на прегледот за катаракта (перде) со докторот во зависност од вашите животни навики.

Во Систина Офталмолгија освен операцијата за катаракта (перде), има и други пристапи кои ќе ви помогнат да ги решите проблемите со очите. На пример, ласерската корекција на диоптрија, крос линкинг методата за кератокунус, решенија за глауком, третирање на дијабетични болести итн.


Спонозорирани линкови

Маркетинг