Тие се мали, но многу големи: 10 занимливости за најмалата земја во светот

Точка

14/02/2017

20:30

5.611

Големина на фонт

а а а

Толку мали, а толку моќни – ова е мотото кое можеме да го поврземе со Ватикан. На сите ни е познато дека таму престојува папата, но овие работи се помалку познати...

1. Жителите на Ватикан пијат повеќе вино од било кој друг во светот.

Ватикан има најголема потрошувачка на вино по глава на жител, па така секој жител пие по 54.26 литри вино. Причината за толку големата конзумација не е тоа што тука живеат алкохоличари, туку затоа што виното редовно се користи во религиозни церемонии.

2. Тука се наоѓа најкратката железничка пруга во светот.

Скриената железничка станица го спојува Ватикан со Рим.


3. Најголем број на туристи по глава на жител во светот.

По конзумацијата на вино, ова е уште една работа по која Ватикан се наоѓа на врвот. Тоа воопшто не е чудно, бидејќи во Ватикан живеат многу малку луѓе, а местото има голема култура и историја. На пример, само Ватиканските музеи годишно ги посетуваат повеќе од 5 и пол милиони луѓе.

4. Земјата има свое „Евро“.

Ватикан и Италија во 2000 година потпишале договор кој дозволил официјалната валута на Ватикан да биде еврото. Со тек на време, на монетите се нашле и слики од Светиот Отец, кои сега циркулираат во целата еврозона.


5. Папата има своја гарда.

Швајцарска гарда е задолжена за „чување“ на папата. Во неа има околу 135 швајцарски војници кои внимаваат на папата веќе 510 години.

6. Поседуваат телескоп во Аризона.

Телескопот е во функција, а познат е по своите оптички квалитети.

7. Ватикан ја има една од најдобрите пошти во светот.

Услугите на поштата во Ватикан многу се користат, со оглед на тоа што таа има репутација на една од најдобрите пошти во светот. Секоја година десетици илјади туристи испраќаат разгледници токму оттука, но и многу Римјани доаѓаат тука за да ги испраќаат своите пратки, бидејќи повеќе и` веруваат на ватиканската отколку на италијанската пошта.


8. Тука не можете да добиете печат во пасошот.

Лошата вест за „колекционерите“ на печати во пасоши е таа дека тука не можете да добиете печат.

9. Никој од жителите не е роден во Ватикан.

Државјанството не се добива со раѓање, туку го имаат оние кои тука живеат и работат. Ако се прашувате зошто државјанство не може да се добие со раѓање, одговорот е и повеќе од едноставен – Ватикан нема болница.


10. УНЕСКО и Ватикан имаат посебен однос.

Имено, Ватикан е единствената држава која УНЕСКО во целост ја ставил на листата на Светско културно наследство.


Спонозорирани линкови

Маркетинг