Тhe Prodigy во продолжението на култниот филм “Trainspotting”

Точка

14/02/2017

16:09

2685

Големина на фонт

а а а

Во очекување на премиерата на продолжението од култниот филм на сите времиња, имавме прилика да го преслушаме официјалниот soundtrack, кој беше објавен на почетокот од годината.

Компилацијата од песни носи возбудлив спој на музички легенди како што се Prodigy, Clash, Blondie, Queen, Run DMC и многу други. Сепак, најголемо внимание привлече ремиксот на песната “Lust For Life” од Iggy Pop, на кој се потпишаа Liam, Keith и Maxim, или накратко Тhe Prodigy.

Бендот, на крајот од минатата година објави teaser во кој ја најавија оваа преработка на Iggy-евата класика, која придонесе за музичкиот печат во првиот дел од филмот.


Ниту групата Underworld не “остана покуса” – тие ја објавија новата верзија на нивниот мега хит “Born Slippy”, со наслов “Slow Slippy”.


Целиот soundtrack ќе биде издаден на портокалов винил, во согласност со имиџот на самиот филм.

Премиерата на филмот “Trainspotting 2” e закажана за 3 март оваа година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг