Кремљ покажува загриженост околу Трамп: Дали Путин конечно сфати со кого има работа?

Точка

14/02/2017

12:11

7.794

Големина на фонт

а а а

Може да се каже дека целиот руски државен врв се радуваше кога Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, но се додека Путин не сфати со кого има работа.

Пред само една година, руските владеачки структури веројатно не ни сонуваа дека освен 100-годишнината на Октомвриската револуција, во 2017-та година ќе прослават и една поактуелна промена на режим - онаа во САД.

Сепак, уште од самиот почеток на мандатот на Трамп, новиот американски претседател се постави како револуционер кој има намера да го размонтира „стариот режим“ и естабилишмент кој што со децении управува со САД. Главниот стратег на Трамп, Стивен Бенон самиот изјави дека Трамп се позиционира како глобален лидер на антиглобалното, анти-елитистичко, анти-либерално и анти-естабилишмент движење кое што е суштински националистичко.

Руските политичари, од друга страна, поради својата опседнатост со обоените револуции, можат многу подобро да ја разберат политичката промена во Вашингтон. Според многумина, таа е многу слична на ситуацијата во која што биле германските политичари пред сто години.


Во далечната 1917-та година, германската влада сфатила дека доколку сака да победи во војната, неопходна е револуција во Русија. Сепак, до почетокот на 1918-та година војната не била завршена, а во Берлин стравувале дека револуцијата ќе се прошири и во самиот Рајх. Се чини дека токму истите стравови денес се јавуваат и кај Путин и неговите први луѓе.

Сега кога Трамп е во Белата куќа, руската позиција стана неверојатно комплексна. Потенцијалната нормализација на односите и укинувањето на санкциите секако се добредојдени за Москва. Меѓутоа, ерата на Трамп носи финансиска нестабилност предизвикана со повлекувањето на САД од бројни договори, а тоа е нешто последно што им треба сега на Русите.

Истовремено, со доаѓањето на Доналд Трамп на политичката сцена, Владимир Путин го загуби монополот на непредвидливост.

Стратешката способност на Путин во минатото овозможуваше светот да остане шокиран од потезите со кои што Русија ги прекршуваше нормите на меѓународното право, но сепак од сето тоа Русија секогаш се извлекуваше без поголеми штети. Но, сега со уште еден непредвидлив лидер на чело на најголемата суперсила, Путин ќе мора да постапува многу повнимателно, посебно поради фактот дека станува збор за човек кој располага со моќен нуклеарен арсенал.

Според аналитичарите, за прв пат после многу години, светот е понервозен околу тоа што ќе биде следното што ќе го направи некој друг (во случајов Доналд Трамп), а да не се интересира за тоа кој ќе биде следниот чекор на Владимир Путин.

Дури и на домашен план работите не му одат од рака на Путин - на рускиот претседател сега му е многу потешко да игра на „антиамериканските чувства“, кога народот на САД избра анти-естабилишмент кандидат кој од страна на демократите предводени од Хилари Клинтон и Барак Обама беше опишуван како „марионета на Путин“.


Единствено нешто околу кое што Кремљ сега се плаши повеќе од самиот Трамп, е можноста новиот американски претседател да биде отповикан или ликвидиран. Таквиот развој на настаните ќе ги отвори вратите на жестока анти-руска кампања во Вашингтон која што со евентуално доаѓање на Демократ на чело на државата би можела да биде материјализирана на многу незгодни начини.

Покрај тоа, кога е глобалната политика во прашање, Русите сакаат да се дистанцираат од идејата на Трамп, Иран и Кина да ги направи практично непријателски земји. Русија сака нормализација на односите со Западот, но не по цена на придружување на анти-кинеската коалиција која што сака Трамп да ја оформи.

Покрај тоа, Русија е дом на над 20 милиони муслимани и не може да си дозволи да застане на страната на Трамп и неговата реторика против муслиманите.

Сепак, тоа што е од гледна точка на Кремљ најопасно, е националистичките кругови во Русија да започнат да ги поддржуваат методите на Трамп. Во јануари, за прв пат откако Путин дојде на власт во Русија, името на рускиот претседател не било најпопуларно во руските медиуми. Цела Русија зборувала за Доналд Трамп.


Спонозорирани линкови

Маркетинг