27 – годишна девојка стана првата и најбрзата жена досега која ја посетила секоја земја во светот

Точка

13/02/2017

18:30

5.497

Големина на фонт

а а а

Касандра Де Пекол, 27 – годишна патничка од Конектикат, САД, стана првата жена која ги посетила сите 193 суверени држави (плус Косово, Тајван и Палестина). Но, тоа не е сè - таа официјално го држи и рекордот за најбрзиот човек кој го направил тоа, соборувајќи го претходниот рекорд со речиси преполовување на времето!

Епската авантура на Касандра, која е наречена Expedition196, траела вкупно 18 месеци и 26 дена. Таа го започнала своето патување на 24-ти јули 2015 година, а го завршила на 2-ри февруари 2017 година.


Оваа незаборавна авантура ја чинела приближно 198.000 долари – сума која претежно била покриена од спонзори, но како што Касандра напишала на својот профил на Фејсбук „без разлика на вашето мислење, оваа експедиција не беше лесна.“


Таа патувала во име на Меѓународниот институт за мир преку туризам, и еден дел од нејзиното патување го поминала во средби со политичари и студенти со цел да ја промовира примарната цел на институтот – „мобилизирање на патувањата и туризмот како водечка сила за намалување на сиромаштијата“.


Значи, што е следно за оваа авантуристка? Наскоро Касандра ќе започне нова авантура овој пат на Антарктикот, а потоа во јуни ќе отвори курс за да ги научи луѓето како да најдат средства за да ги остварат своите соништа за патување по светот.















Спонозорирани линкови

Маркетинг