Мекларен не очекуваат победи оваа година

КРУГ.МК

13/02/2017

14:30

902

Големина на фонт

а а а

И покрај големите промени кои се случуваат во Мекларен по отстранувањето на Рон Денис, новиот шеф на компанијата, Зек Браун, смета дека очекувањата за 2017 година не треба да бидат високи и не треба да се очекуваат победи од Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн.

Мекларен нема победа во Формула 1 од 2012 година и Бразилското ГП кога Џенсон Батон беше триумфален. Последните две години, откако почнаа да користат мотори на Хонда, славниот британски тим нема забележано нити подиум, а последната титула беше во 2008 година освоена со Луис Хамилтон.

„Мислам дека дел од тимот е фрустриран како што може да замислите по слабите резултати во последно време и нетрпеливи се да се вратиме на победничките патеки. Резултатите во последните две години не се нешто на што екипата е навикната и поради тоа сите сакаат да се свртат работите“, објасни Браун.

Подобри резултати секако дека се очекуваат во 2017 година, но Зек смета дека незрело е уште годинава да се очекуваат победи.

„Чекор по чекор. Се додека ги правиме исправно работите мислам дека целиме кон успех и напредуваме на гридот. Мораме да бидеме претпазливи и реални дека годинава нема да победуваме на трки и тоа да не го предвидуваме. Треба да се сконцентрираме на напредокот наместо со сите сили да одиме на победа годинава.

Ентузијазам за победи на трки имаме исто како и за освојување титули, но мислам дека сеуште не сме таму со нашиот пакет“, додаде првиот човек на Мекларен.


Спонозорирани линкови

Маркетинг