Што значи кодот „А113” во секој филм на Пиксар?

Точка

10/02/2017

17:04

5.456

Големина на фонт

а а а

Доколку сте љубители на анимираните филмови на Пиксар, сигурно сте забележале во повеќето од нив еден детаљ, кој се “провлекува” низ сцените.

Кодот “А113” е присутен во скоро секој филм на Пиксар, од “Finding Nemo” до “Up” и “Toy Story”. Освен тоа, љубителите на анимираните филмови го забележија овој код и во филмовите како “The Brave Little Toaster” и “The Princess and the Frog” и анимирани ТВ серии, како “The Simpsons” и „American Dad”.


Оваа мистерија на ниво на Стоунхенџ и кодот на Да Винчи беше разоткриена од страна на Редит корисниците:

“А113 се однесува на број од училница, која се наоѓа на Инсититутот за уметност во Калифорнија. А113 е првата училница за графички дизајн и анимација на ликови, каде многу од аниматорите на Дизни и Пиксар го усовршиле својот талент. Употребата на овој код во сцените е пријателски поздрав меѓу себе, кој служи да ги потсети дека без институтот, тие не би биле она што се денес”.


Спонозорирани линкови

Маркетинг