Дали знаете зошто Дубаи е толку популарна дестинација?

Точка

09/02/2017

17:51

5.774

Големина на фонт

а а а

Во Дубаи не може да се појде за малку пари, но оваа дестинација е многу популарна за туристите. Дали знаете зошто е тоа така?

Во 2016 година Дубаи примил рекордни 14.9 милиони посетители, соопшти Министерството за туризам на овој град – држава, еден од седумте емирати кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати.


Исто така, од министерството велат дека нивната цел е до 2020 година да привлечат 20 милиони туристи, кога ќе бидат домаќини на саемот Expo 2020.

Најбројни биле туристите од земјите од Персискиот залив – 23 отсто, при што речиси половина од нив биле гости од Саудиска Арабија.


Потоа следуваат посетители од Западна Европа со учество од 21 отсто, а регистриран бил и значителен раст на туристи од Кина, чиј број бил зголемен за 20 проценти. За 14 проценти повеќе, биле гостите од Русија, односно 240.000 руски туристи.


Ако се прашувате што ги привлекува туристите во Дубаи, освен тоа што таму постојано е сончево и топло, одговорот е - безбедноста. Имено, Дубаи е познат по тоа што претставува најбезбедна дестинација во регионот кој го потресуваат немири.


Со оглед на тоа што немири ги погодуваат традиционалните туристички дестинации на Блискиот Исток и Северна Африка, Дубаи има корист од својата репутација како безбедна туристичка и бизнис дестинација.


Пустинскиот емират има раскошни трговски центри, многу луксузни одмаралишта, па дури и затворен скијачки центар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг