Неочекуван пресврт на венчавката: Младоженецот ги замолил мажите да станат и да ги свртат чиниите, а потоа...

Точка

08/02/2017

21:00

11127

Големина на фонт

а а а

Венчавката би требало да биде најубавиот момент во животот на еден вљубен пар. Според традицијата, тогаш тие ќе си ветат вечна љубов и верност, и ќе запловат во мирните брачни води. Но, овој маж одлучил на венчавката да ја покаже целата „валкана облека“ на сопругата...

Од друга страна, невестата која во периодот додека била свршена со својот избраник спиела со осум момчиња и потоа ги поканила на венчавката, не може да каже дека била целосно изненадена кога работите на венчавката ескалирале.


Целата приказна ја раскажал сведок на венчавката, и тоа пред огромна публика – во емисијата "The Graham Norton Show". Приказната се одвивала во Велика Британија, а мажот по име Шон ги изнел сите валкани детали.

„Младоженецот стана и им рече на сите да станат. Гостите станаа, а тој им рече да ги свртат своите чинии. ’Ако на чинијата имате црвена точка, продолжете да стоите’, им рече младоженецот. Откако ги свртеа чиниите, осум момци продолжија да стојат“, раскажал Шон во емисијата. Сите мислеле дека станува збор за некоја игра, а потоа младоженецот дал објаснување.


„Дами и господо, ова се мажите кои спиеле со мојата сопруга додека бевме свршени. Во овој момент ќе побарам поништување на бракот“, рекол младоженецот и заминал.


Спонозорирани линкови

Маркетинг