ЕХФ го смести Вардар во топ 5 најдобри екипи во Европа

Дерби

08/02/2017

19:00

1232

Големина на фонт

а а а

Пред самиот старт на возбудувањата од вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација се одлучи да направи класификација на најдобрите клубови на стариот континент, а навистина вреди да се потенцира дека првите луѓе во ракометот гледаат на македонски Вардар како еден од најсилните во овој момент.

ЕХФ ова попладне ја објави листата на најдобрите десет клубови во Европа, а според рангирањето на највлијателното тело во европскиот ракомет, македонскиот шампион Вардар е во топ 5, односно на четвротото место во Европа.

– Вардар ја завршува регуларната сезона во СЕХА-лигата како првопласирана екипа. Што се однесува до Лигата на шампионите, Вардар може да искористи и евентуален пораз на Кјелце на гостувањето кај Рајн Некар, но сепак ќе треба да ја заврши својата работа против екипите со помал ранкинг. Тимот предводен од Раул Гонзалез е најдобро рангиран од групата Б на оваа листа. Најтешкиот предизвик по се изгледа ќе биде гостувањето во Сегед, па завршувањето на првото место е сосема реално за македонскиот гигант, – гласи објаснувањето на ЕХФ поврзано за ранкингот на Вардар.

Пред Вардар во топ 10 листата се само ПСЖ, Барселона и Веспрем, европскиот шампион Кјелце е на петтата позиција, додека најдобрите 10 ги комплетираат Рајн Некар, Флензбург, Пик Сегед, Монпелје и ППД Загреб.


Спонозорирани линкови

Маркетинг