Лимнос – единствениот пустински остров во Европа

Точка

08/02/2017

16:37

5820

Големина на фонт

а а а

Популарните грчки легенди и митови се раскажуваат до ден-денес, а меѓу таквите се вбројува и легендата за островот Лимнос. Овој пат, Ве водиме на преубавиот остров од боженствената грчка митологија.

Во северниот дел на Егејското море, помеѓу полустровот Халкидики и турскиот брег, вгнезден е островот Лимнос, или како што го нарекуваат Грците – Лемнос.


Централното место на овој песочен остров е градот Мирина, кој изобилува со бројни таверни, поплочени улици и замок од Византискиот период, од чија висина се гледа целиот град.


Според една грчка легенда, ова место му припаѓало на Хефест, Богот на огнот и ковачкиот занает. Друг мит вели дека со Лимнос владееле Амазонки, кои претходно ги убиле сите мажи на островот. Легендата вели дека Јасон, кој со своите Аргонаути тргнал во потрага по златното руно, завршил на овој остров. Жените се обиделе да го заведат, но нивниот план не завршил успешно.

Специфично за Лимност е тоа што е единствениот пустински остров во цела Европа. Да не заборавиме – плажите се совршени!


Западната обала нуди мир и спокојство, додека северните плажи имаат немирно море, но безопасно. Доколку сте од оние типови на луѓе кои обожаваат антика, на островот ќе затекнете остатоци од споменикот, посветен на Хефест или култот на Кавирите – деветдневен обред кој се случувал еднаш годишно, кога огновите на островот стивнувале.

Тамошните жители биле во исчекување на бродот кој го пратил богот Аполон на островот Делос по нов оган, и поради тоа, во тој период, островот славел во чест на виното, жените и морето.



Покрај фантастичните плажи, морските спортови и историските знаменитости, последно од Вашата “bucket list” нека биде грчката специјалитети на Лимнос. Не заборавајте да ги посетите таверните, кои се едни од најефтините, и воедно највкусни места за јадење.

Освен тоа, многу ќе пропуштите доколку не пробате зајак со Фломариа паста и петел во вино во Мanteli, октопод со узо и закиселен лук во Ennia Po’chs, јагнешко кај О Meraklis или риба кај Glaropule.

Ја имате вистинската дестинација за ова лето, сè што Ви преостанува е да се одлучите кога ќе ги спакувате куферите!



Спонозорирани линкови

Маркетинг