Торо Росо објави датум за промоција

КРУГ.МК

07/02/2017

18:00

1.119

Големина на фонт

а а а

Торо Росо објави дека ќе го промовираат својот нов болид, СТР12 на патеката во Барселона на 26 Февруари еден ден пред почетокот на првиот предсезонски тест.

Со тоа, тимот од Фаенца ќе биде 6та екипа што потврди датум за промоција откако претходно истото го направија Рено, Форс Индија, Мерцедес, Мекларен и Ферари. Американски Хаас, швајцарски Заубер, Ред Бул и Вилијамс сеуште немаат одредено датум за промоција.


Промоцијата на новото чедо од Фаенца ќе ја вршат возачите Карлос Саинз и Даниил Квјат, тимскиот шеф Франц Тост, техничкиот шеф Џејмс Кеј и неговиот заменик Бен Вотерхаус.

Потврдени дати за промоција:

21 Февруари – Рено
22 Февруари – Форс Индија
23 Февруари – Мерцедес
24 Февруари – Мекларен Хонда
24 Февруари – Ферари
26 Февруари – Торо Росо


Спонозорирани линкови

Маркетинг