Червар прецизно одговори за преземањето на Хрватска: Добив безброј повици во последните денови, но…

Дерби

06/02/2017

13:20

1.801

Големина на фонт

а а а

Лино Червар ова попладне ја одржа стандардната прес-конференција во пресрет на натпреварот со ППД Загреб во СЕХА лигата, но наместо тоа, сосема очекувано во прв план се најдоа силните шпекулации кои се појавија од страна на хрватските медиуми.

Угледните весници од Хрватска во изминативе 10-тина дена постојано го поврзуваат името на македонскиот селектор како прво кога е во прашање наследникот на Жељко Бабиќ во хрватската ракометна репрезентација, а по многуте гласини и најави, сега конечно од прво лице се огласи Червар пред присутните македонски новинари во прес салата.

– Добив безброј повици во последните неколку дена но на никој не му одговорив и вие што сте тука ја имате привилегијата од прва рака да чуете се што треба. Прво, имам 66 години и не сакам во тие години некој со мене да се наддава, јас неможам да се менувам имам свој став. Второ 40 години сум тренер, и денес мислам дека по прашањето на посветеност по која работам не познавам некој, кој тоа така го работи подобро од мене. Трето, за мене најголем успех не се медалите, јас на ова Светско првенство бев најтрофеен тренер и сум горд што водам мала земја на еден мундијал. Израснав како тренер во мала средина. Најголем успех е што од многу млади ракометари направив добри луѓе, и не само во мојата земја туку секаде каде што работев. Деца од улица, кои сега имаат свои семејства. Тоа не е фолирање, тоа е работа. Да се нудам на Хрватска со 66 години тоа е срамота, веројатно некој ме сака со сите тие медали, инаку мислам дека е понижување за мојата професија сам да се нудам. Осум години сум во Македонија. На оние кои ме почитуваат не требам да им објаснувам, а на оние кои не ме почитуваат, не можам ниту да им објаснам ниту да го променам нивното мислење. Нема некој што може да ми го одземе правото да ја сакам мојата прва татковина Хрватска и мојата втора татковина Македонија. Македонија е мојот втор дом. Логично е дека моето име ќе се споменува во јавноста, но никогаш во ниту еден момент со Хрватска не сум имал службен разговор, затоа што го почитувам мојот клуб Металург и неговиот сопственик Минчо Јорданов, го почитувам и РФМ и претседателот Живко Мукаетов. Додека не разговарам со мојот клуб и РФМ нема да зборувам за можноста за да седнам на кормилото на Хрватска. Како последно морам да го истакнам случајот Веспрем што ми го монтираа пред неколку денови. Таму се пет мои играчи Сулиќ, Коплјар, Алиловиќ, Слишковиќ и Лосерт. Тоа се ракометари со кои освојував медали. Дали мислите дека би било коректно да не ги испочитувам сега. Јас Хрватска ја водев 157 пати дали мислите дека не треба да се поздравам со моите играчи, да не испијам едно кафе. Со нив разговаваравме за се и сешто. И тие се интересираа дали може да ја преземам Хрватска, но не добија одговор. Морам да ја почитувам Македонија и Федерацијата за да можам било што да превземам, тоа се луѓе кои ме поддржуваа и кои ќе ме поддржуваат и понатаму. Мојот дом е во Хрватска, но мојот втор дом е Македонија, – опширно истакна Червар.


Спонозорирани линкови

Маркетинг