Најбрзиот воз во светот: Кинезите се побрзи од Формула 1!

Точка

04/02/2017

10:45

11.706

Големина на фонт

а а а

Билетот за овој воз чини 80 јуани, што е околу 12 долари. Возењето трае околу 7 – 8 минути, а за тоа време се поминуваат 30 километри. Вагоните се удобни и доволно широки, а според зборовите на патниците „траскањето“ по пат е минимално.


Кина во последните десетина години забрзано гради, насекаде изникнуваат облакодери, а сето тоа е проследено од модерна транспортна инфраструктура. Ширум земјата се градат најмодерни аеродроми, а еден од нив може да се пофали и со најбрзиот воз на светот.


Возот во Шангај, кој го поврзува Меѓународниот аеродром Пудонг со градската подземна железница, слободно може да го носи прекарот „молња“. Имено, досега повеќе пати сме слушнале за брзи возови, но ниеден не бил толку брз, со максимална брзина од 430 километри на час! Со таа брзина шангајскиот воз може да се пофали дека е најбрзиот комерцијален воз на светот.


За неговото движење се користи магнетна левитација. Возот не ги допира шините и не се движи по нив, туку всушност „лебди“ над нив.
Билетот за овој воз чини 80 јуани, што е околу 12 долари. Возењето трае околу 7 – 8 минути, а за тоа време се поминуваат 30 километри. Патниците велат дека вагоните се удобни и доволно широки, а „траскањето“ по пат е минимално.



Спонозорирани линкови

Маркетинг