„Бев студентка и заработував минимално – Потоа станав „спонзоруша“ и на 22 години си купив куќа“

Точка

03/02/2017

18:30

8243

Големина на фонт

а а а

Екстравагантните вечери, дизајнерските парчиња облека и торби, како и прескапиот накит, се секојдневие за Кејти Плеј. Таа со години не платила ниедна сметка, а на само 22 години веќе има доволно пари за да си купи сопствена куќа во Сиднеј.

Пред една година Кејти не ни помислувала дека ќе живее ваков живот. Таа работела во синџир на ресторани за брза храна и паралелно студирала. А, потоа слушнала за светот на спонзори кои се подготвени на своите „спонзоруши“ да им ги платат сите трошоци за живот и така започнала нејзината нова „кариера“.

Сè започнало така што направила профил на еден сајт специјализиран за спојување на спонзори со спонзоруши. Првиот човек кој го запознала имал 30 години, бил свежо разведен и „само му било потребно женско друштво“.


„Само седевме и разговаравме, повремено одевме во кино или јас одев кај него дома и таму учев“, раскажала Кејти за „Daily Mail” и додала дека за тие активности од него добивала по 500 долари неделно. Меѓутоа, набрзо го раскинал договорот со неа бидејќи сакал сериозна врска.

„Тој не сакаше секс, но јас сакав“, раскажала Кејти и додала дека набрзо пронашла нов спонзор. Тој имал 32 години и со него се гледала три месеци. Кејти раскажала дека се гледале еднаш до два пати неделно и ги правеле сите работи кои што ги прават и вистинските парови, вклучувајќи го и сексот.,

И од него добивала 500 долари неделно, но и многу накит и слични ситници.


„Тие врски се како вистинските, сериозни љубовни врски. А, парите се само јаготка на шлагот“, рекла оваа млада девојка.

После него, се гледала со уште неколку мажи и заработила сосема доволно за да си купи сопствена куќа.

„Од моите пријатели и познаници кријам дека сум спонзоруша, бидејќи околу тоа постои голема стигма и претставува табу тема. Луѓето се огорчени, а не знам зошто. Владее мислење дека спонзорушите се несериозни и немотивирани, а само погледнете ме мене – јас сум успешна студентка која притоа заработила и многу пари. Не гледам ништо лошо во мојата работа – спонзорирањето е обостран договор и двете страни знаат што добиваат“, заклучила оваа девојка.


Спонозорирани линкови

Маркетинг