Вујовиќ повторно во центарот на вниманието: Червар се колне во македонскиот проект, а едвај чека Хрватска да го повика!

Дерби

02/02/2017

10:54

1.958

Големина на фонт

а а а

Веселин Вујовиќ направи огромен успех со селекцијата на Словенија на изминатово Светско првенство во Франција каде го освои бронзениот медал и приматот на трета репрезентација на светот.

Поради тоа е доста актуелен и интересен за јавноста, особено поради фактот што секогаш говори отворено и без влакна на јазикот. Тој во моментов е топ тема и во Хрватска и тамошната јавност, бидејќи се споменува како еден од наследниците на Жељко Бабиќ, ама тој самиот категорично се исфрли од таа трка.

- Во овој момент не можам и не сакам. Ме прашаа дали некогаш би бил хрватски селектор и реков „да“. Кој не би сакал да води таква екипа, таква ракометна нација. Тоа е како да ме прашате дали сакам да бидам тренер на Барселона. Секако дека да, ама тоа не е реално. Како што не е реално ни сам да станам хрватски селектор. Можеби еден ден, ама во моментов ја водам Словенија и дури не е ни време за такви разговори, - вели Вујовиќ во интервјуто за „24сата“.

Вујо воедно во свој стил даде коментар и за опцијата на клупата на „коцкестите“ да седне двоецот Лино Червар и Славко Голужа.

– Види сега ќе кажам нешто за што повторно може ќе ме нападнат, можеби и погрешно ќе бидам разбран. Червар е селектор на Македонија, се колне во тој проект, во младоста на тимот, иднината на репрезентацијата, а едвај чека Хрватска да го повика. Тоа значи дека се фолира. Голужа… беше селектор, освојуваше медали и сега на некого да му биде помошник. Па добро нека прават што сакаат, но јас тие луѓе не ги разбирам, - завршил некогашниот предводник на Вардар.


Спонозорирани линкови

Маркетинг