Под дејство на „дрогата за силување“: Протече снимка од актерката додека вреска на тераса!

Точка

31/01/2017

22:00

26.097

Големина на фонт

а а а

Тешко е да се поверува дека некогашната млада надеж на Холивуд, за која сите зборуваа, дошла во ваква ситуација.

Актерката Миша Бартон пред неколку дена била хоспитализирана откако наводно ја дрогирале на роденденска забава. Сега е објавена снимка на која се гледа како актерката вреска на тераса.

Миша викала дека мајка ѝ ѝ го уништила животот, дека нејзиниот живот е пекол, а нејзините крици ги слушнале соседите кои се уплашиле за неа.

Во еден момент Миша паднала, по што дошла Брза помош.

За потсетување, ѕвездата од серијата „Округот оринџ“ после два дена излегла од болница и изјавила дека некој ѝ ставил "GHB" во пијалокот (познато и како дрога за силување).

Порталот "TMZ" дошол до снимка на која јасно се гледа дека актерката е во многу лоша состојба.



Спонозорирани линкови

Маркетинг