Пет Кеш: Федерер мамеше, Федерер: Кеш претерува

Макфакс

30/01/2017

15:21

2119

Големина на фонт

а а а

Поранешниот тенисер Пет Кеш го критикуваше Роџер Федерер поради медицинскиот тајм-аут, кој Швајцарецот го побара по завршувањето на четвртиот сет, во финалниот меч против Рафаел надал на Аустралијан Опен. Кеш го нарече Федерер „измамник“.

Роџер Федерер, во осминафиналето, бурно реагираше кога Кеи Нишикори побара медицински тајм-аут, но тој истото го направи во полуфиналето против Стан вавринка и во финалето против Надал.

Во двата случаеви, Федерер бараше тајм-аут, по завршувањето во летвртиот сет, кога неговите противници беа во налет, односно кога израмнуваа на 2:2 во сетови.

„Не можеш да прекинеш маратон само поради тоа што си уморен. Не можам да опишам колку тоа лошо изгледаше додека го гледав мечот. Тое е погрешно, погрешно…Тоа се вика мамење и не би требало да биде дозволено. То е „легална измама“, но јас сметам дека не е во ред“, рекол псвпјувачот на Вимблдон од 1987 година.

„Ногата ме болеше уште од мечот во второто коло. И покрај болките играв. Од некоја причина против Вавринка се ме болеше, од двете страни на препоната. Почувствува болка во вториот сет, која стана посилна во третиот сет. Помислив дека правилата се тука за да се користат, но дека не смеат да се злоупотребуваат. Мислам дека во овое 20 години сум го покажал. Поради тоа сметам дека коментарот на кеш е претеран. Не знам за што говори. јас сум последниот човек кој би го направил тоа“, рекол Федерер за Radio BBC.

Противникот на Федерер во финалето на Аустралијан Опен, по кое Швајцарецот ја освои 18-та грен слем титула, Рафа Недал, не сакал да го коментира потегот на Швајцарецот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг