Димитров не успеа, Надал избори финале против Федерер

Макфакс

27/01/2017

16:15

1.675

Големина на фонт

а а а

Бугаринот Григор Димитров го одигра најдобриот меч во кариерата но не успеа да го победи Рафаел Надал во полуфиналето на Аустралијан Опен. Шпанецот славеше во пет сета 6:3, 5:7, 7:6, 6:7, 6:4 и во финалето ќе игра против Роџер Федерер.

Надал и Димитров одиграа епски меч, еден од оние кои ќе влезат во аналите на Аустралијан Опен, а победата по голема борба мкоја траеше пет часа и една минута ја однесе Шпанецот.

Надал демонстрираше игра која му донесе толку многу успеси во кариерата (14 грен слем трофеи), додека Димитров го покажа сиот свој раскошен талент.

Двајцата имаа шанси и претходно да го решат мечот, но драмата која траеше пет часа беше решена во финишот на петтиот сет. Димитров во осмиот гем пропушти две врзани брејк топки, Надал успеа да се спаси, да израмни на 4:4, а потоа во наредниот гем му го одзеде сервисот на противникот и во наредниот отсервира за пласман во финалето.

Надал, в недела, ќе игра во своето прво грен слем финале по 2014 година, а кое ќе биде 21-во во неговата кариера.

Шпанецот против Федерер има 23 победи во нивните 34 меѓусебни дуели, има подобар скор и на грен слем турнирите 9:2, а кога се во прашање финалните мечеви на грен слем турнирите Шпанецот има 6:2.

Неделното финале ќе биде и реприза на дуелот помеѓу овие двајца од 2009 година, кога Надал победи и ја освои првата и засега единствена титула на Аустралијан Опен.


Спонозорирани линкови

Маркетинг