Брзо стареат, немаат овошје и зеленчук, живеат во куќи од снег: Вака изгледа животот на Ескимите

Точка

27/01/2017

17:50

19.214

Големина на фонт

а а а

Работата на мажот е да изгради дом и да оди на лов, а на жената да се грижи за домаќинството.

Ескимите, односно Инуитите, се народ од монголска раса и тие живеат на самиот север, најмногу на арктичките брегови на Северна Америка и Гренланд.

Иако сите ги нарекуваме Ескими, за нив ова е всушност навреда. Тие се претставуваат како Инуити, што едноставно значи човек. Името Ескими потекнува од индијанскиот збор "esquimantjik", што значи луѓе кои јадат сурово месо.


Тие живеат во мали општествени групи од патријархален карактер, а машките и женските работи се стриктно поделени. Работата на мажот е да изгради дом и да оди на лов, а на жената да се грижи за домаќинството. Од лидерот на групата се очекува да биде исклучително способен и во секој момент да може да обезбеди храна.

Ескимите живеат со јадење на месо и маст. Немаат ни овошје ни зеленчук, а единствената храна од растително потекло потекнува од желудникот на животното карибу. Единствено преку месото можат да ги добијат сите витамини, бидејќи свежата крв на морските цицачи содржи доволна количина на минерали и витамини. Тие се исклучително добри ловци, а во тоа често им помагаат и кучињата.


Ескимското куче е вид на ловечко куче, а многумина веруваат дека е потомок на волк.

Поради начинот на кој се хранат, Ескимите брзо стареат, а просечниот животен век им е околу 27.5 години. Она што е карактеристично за нивниот надворешен изглед е нискиот раст (нивната височина ретко надминува 150 сантиметри), широката форма на лицето и црната коса.


Преку лето престојуваат во шатори од крзно, а преку зима во игло – зимска куќа. Таа се гради од снежни плочи и плочи од мраз, во форма на две или повеќе куполи споени со тунел.

Еден од интересните факти во врска со овој народ е познатиот ескимски бакнеж. Општо е познато дека ескимскиот бакнеж е всушност допир на нос од нос, меѓутоа, работата е малку поинаква. Тие всушност си ги мирисаат косата и образите едни на други, и тоа за нив е многу интимен чин и избегнуваат тоа да го прават во јавност.


Она што можеби им е познато на сите е дека снегот е именка која Ескимите често ја користат и за која имаат дури 200 синоними! На тој начин, тие разликуваат слаб снег, силен снег и така натаму.


Спонозорирани линкови

Маркетинг