Многу поздраво од таблети и спрејови: Десертот кој сите го сакаме содржи „природна вијагра“

Точка

25/01/2017

21:01

7376

Големина на фонт

а а а

Хемиската супстанца која се наоѓа во оваа намирница, на природен начин го зајакнува либидото и го подобрува расположението на мажот.

Хормоните кои се генерираат при конзумирање на чоколадо, се одговорни за подобро расположение кое лесно би можело да биде претворено во позитивна сексуална тензија.

Чоколадата ја содржи супстанцата киспептин, која „врие“ во периодот на адолесценција кај момците, па експертите веруваат дека тоа е причината за нивните пренагласени емоции во пубертетот.


Мажите неодамна се согласиле да учествуваат во експериментот, при што им бил вбризгуван киспептин, а потоа било следено нивното однесување во интервал од три месеци. Тие веднаш после инјекцијата доживувале ерупција на еротски мисли, но и потреба за романтични моменти.

„Нашите први наоди покажуваат дека киспептинот ја стимулира јачината на емоциите кои водат кон секс и потреба за еротска интимност. Веруваме дека третман со овој хормон би можел да доведе до решавање на трауматски проблеми со импотенција и недостаток на либидо. Еден од десет мажи има проблем со импотенција, кој настанува поради анксиозност и акумулиран стрес. На тој начин би поттикнале се` поголем број на парови на раѓање деца“, рекол лидерот на истражувачкиот тим, професорот Валит Дило.


Истражувачите од Кембриџ после ова откритие продолжиле со истражувањето, сакајќи да го откријат влијанието на киспептинот на расположението на жените.

„Студијата покажа дека овој хормон ја зголемува сексуалната желба без оглед на полот на испитаниците. Сексуалната тензија пред се` е поврзана со расположението. Пациентите кај кои во еден момент од животот била дијагностицирана депресија, имале позитивно искуство после првите експериментални третмани“, изјавил доктор Александар Комнинос, пренесува Daily Mail.


Спонозорирани линкови

Маркетинг