Не споменувајте го ни на шега: Поради ваквиот секс, партнерот веднаш би раскинал со вас

Точка

24/01/2017

21:00

8.476

Големина на фонт

а а а

Резултатите од неодамнешно истражување откриле во каков секс мажите најмногу уживаат, но и за каков секс не сакаат ни да слушнат!

Имено, истражувањето кое било извршено за потребите на магазинот “Glamour“, открива дека дури 91 отсто од мажите преферираат да имаат секс два пати неделно со личноста која ја сакаат, отколку секој ден со некоја која не им значи многу. Притоа, голем број од нив се грижат за ерекцијата, па дури на 61 отсто од нив им помагаат сексуални фантазии поврзани со партнерката со која водат љубов. Некои, пак, мислат на поранешната девојка.

Од друга страна, нешто се променило, па така 69 отсто од мажите веруваат дека постои платонско пријателство помеѓу мажите и жените.


Оралниот секс и понатаму им е омилена работа, а се бунат дека не го добиваат доволно, и тоа дури 58 отсто испитаници. Кога станува збор за т.н. „секстинг“, 43 отсто од испитаниците се сликале голи за партнерката.

Популарната тројка е сон на речиси секој маж, но во која е тој, неговата партнерка и друга жена. Обратната варијанта би ги одбила, а после предлогот на партнерката да викнат уште еден маж за секс, дури 42 отсто од нив би размислиле за раскинување на врската.


И да, не заборавивме – големината на пенисот. Една третина од мажите се плашат дека им е премног мал, формата им пречи на нешто помал број на испитаници, а она што е зачудувачки е дека еднаков број од нив барем еднаш во животот симулирале оргазам.


Спонозорирани линкови

Маркетинг