Четири жени имале необични причини за неверство: Последната е најсурова

Точка

23/01/2017

22:00

10877

Големина на фонт

а а а

Причините за неверства се различни, секоја жена бара нешто што во врската или бракот ѝ недостасува. Обично и неверојатната привлечност е она што ги спојува луѓето, а четири жени ги наведуваат своите нетипични причини за неверство.

„Го изневерив за повеќе да го ценам она што го имам“

Студентката Оксана (31) од Манчестер после седум месеци врска со Џон почнала да го изневерува. После два месеци паралелна врска, оваа дама сепак сфатила дека го сака Џон, дека станува збор за искрени, длабоки чувства. Ја признала аферата, а три години после нејзината искреност, врската им е посилна од било кога, пишува „The Sun”.

„Со Џон сè беше во ред, тој беше многу внимателен, но помислив дека премногу рано се смирив. Морав да пробам нешто ново. Така, кога излегов со пријателите запознав маж со кого почувствував искри. Разменивме телефонски броеви и така започна сè. А, заврши преку пораки и никогаш повеќе не го видов. На Џон не сакав да му ја признаам аферата, но тој сфати дека нешто се случува. Беше скршен кога му признав. Но, ми прости. Сега сме посреќни од било кога и мислам дека не би знаела да го ценам ова што го имаме, ако тогаш не го искусев неверството“, раскажала Оксана.


„Изневерував бидејќи бев осамена“

Шерон Хеворт (43) е во брак 19 години, а го изневерила сопругот пред шест години. Таа вели дека причината за тоа била осаменоста.

„Мојот сопруг многу работеше, беше надвор од дома, а кога ќе дојдеше дома само спиеше. Тогаш започнав афера со колега од работа. Имавме исти интереси, споделувавме моменти кои не можев да ги споделувам со мојот сопруг. Ми даваше комплименти и правеше да се чувствувам посебно. Поради сето тоа, како и поради сексот, се чувствував подобро и попривлечно.“ Шерон опстоила во оваа врска три месеци, додека вината не го направила своето. Му признала на нејзиниот сопруг, а тој ѝ простил бидејќи му било јасно колку била осамена.

„Изневерив бидејќи се вљубив“

Џо и Стјуарт биле први соседи и двајцата биле во брак кога ја започнале врската во 2011 година. Ги напуштиле своите партнери, се преселиле и сега имаат тригодишна ќерка.

„Штом го запознав Стјуарт, ми беше привлечен, но никогаш не помислив дека нешто ќе се случи помеѓу нас. Мојот брак тогаш се распаѓаше, а во него пронајдов утеха. Разговаравме, па преминавме на пораки на Фејсбук, додека не се најдовме една вечер во дворот. Тоа премина во редовно гледање, сексот беше прекрасен и страствен. Мислев дека тоа е минлива авантура, за која мојот сопруг никогаш нема да дознае бидејќи имавме две деца. Но, не можев да го извадам Стјуарт од главата. Му признав сè на сопругот и заминав“, раскажала Џо.


„Изневерив за да се одмаздам“

Ребека го изневерила сопругот за да му врати за шесте негови неверства.

„Откако останав бремена, се промени. Почна подоцна да доаѓа дома, а во петок наутро одеше на работа и се враќаше дури во вторник, како тоа да е најнормално однесување. Во осмиот месец од бременоста се посомневав дека ме изневерува. Ангажирав детектив, а тој ми откри дека во игра се дури шест жени. Мојот сопруг негираше сè.

Осум месеци подоцна и јас почнав да се гледам со моето оженето поранешно момче. Тоа траеше три години и уште повеќе ми ја искомплицира ситуацијата. Сфатив дека не сум среќна. Ги оставив и сопругот и љубовникот. Верувам дека некогаш ќе го пронајдам вистинскиот“, заклучила таа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг