Tonino Lamborghini - симбол на италијанската кафе-култура, со премиум еспресо за вистинските љубителите на кафе

Точка

23/01/2017

17:12

1.922

Големина на фонт

а а а

Има нешто во самиот чин на пиење кафе што причинува особено задоволство. Токму затоа луѓето со векови го негуваат ритуалот на пиење кафе, затоа што овој посебен топол напиток не одвојува за миг од обичноста на секојдневието.

Култот кон кафето што го изградија Италијанците продолжува да живее ширум светот преку квалитетната понуда на еспресо со супериорен вкус, послужено со стил.

Една од најдобрите работи во врска со италијанското кафе е дека, без разлика каде и да сте- во планинско село или на некоја римска пијаца – квалитетот е конзистентен и неспорен. Колку што Италијанците ја сакаат својата порција тестенини al dente, толку повеќе ценат квалитетно еспресо.


Иако првата асоцијација за Италија ни е пица, паста и престижни автомобили, семејството Ламброџини се погрижи светот да не заборави кој прави и послужува најдобро кафе. Идејата потекнува од синот на Феруџио, Тонино Ламборџини кој сакајќи да ја прошири визијата и мисијата на неговото семејство, како и да ја пренесе италијанската традиција ширум светот, започнал со производство на премиум кафе и други напитоци.

Кафето покрај автомобилите преставува симбол на италијанската култура и традиција па оттука и самата идеја за производство на кафе со автентичен квалитет и дизајн со познатото лого на фамилијата Ламборџини - “бесен бик”.


Италијанските дизајнери навистина умеат да внесат убавина во иновациите. Водени од значајноста на кафе-културата, семејството Ламборџини и нивниот тим од дизајнери, креираат низа нови искуства за љубителите на квалитетно еспресо. Од минималистички, префинет дизајн на приборот за послужување на кафе, како и дизајнерската сензација на Тонино Ламборџини кафе машините наменети за угостителите, до задоволството да се има дома црвена лименка 250 грамско пакување на, регуларно мелено еспресо, и еспресо во зрна овие производи се создадени да додат уште поголема вредност на моментот кога целосно ги ослободувате вашите сетила за да уживате во една шолја еспресо. Црна мешавина од Alta Mogiana Арабика и високo квалитетна Робуста, Црвена мешавина на Арабика од Централна Америка и Бразил со допир на робуста или пак Платинум мешавина на бразилски зрна 100 % Арабика, Тонино Ламборџини не отстапува од избалансиран, полн вкус, интензивна арома и автентичен шмек.


Вистинските љубители на еспресо во Македонија наскоро ќе имаат можност да уживаат во вкусот на автентичната италијанската традиција во своите омилени кафулиња, но и да го усовршат процесот на подготовка на еспресо во удобноста на својот дом. Последниот новитет од овој бренд е вистински спој на квалитет и практичност. Тонино Ламборџини еспресо капсули кои се компатибилни со Nespresso® машина за кафе, а ќе можете да ги набавите во вашиот најблизок супермаркет.

А за еспресо арома во секое време, па дури и во ноќта, безкофеинска мешавина од Арабика и Робуста од Јужна Америка е вистински избор, достапна во 250 грамско пакување во лименка и еспресо патрони вакумирани во една доза, фино мелено и печено кафе.


Еспресо е како ниеден друг пијалок на светот. Една доза еспресо во денот прави низа корисни ефекти врз умот и телото. Допринесува за фокус и концентрација, ја поттикнува креативноста , ги изострува сетилата, а аромата предизвикува емоции и спомени кои го негуваат расположението.


Спонозорирани линкови

Маркетинг