Девет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Макфакс

12/01/2017

09:04

338

Големина на фонт

а а а

Девет години се навршуваат од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ.

По тој повод, денеска делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, вбр, како и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр ќе положат венци со свежо цвеќе на спомен обележјата пред командата на вбр во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце.


Спонозорирани линкови

Маркетинг