Луиз Адриано на чекор од трансфер во Спартак Москва

Точка

12/01/2017

11:10

421

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот фудбалер Луиз Адриано веќе една година се обидува да пронајде нов клуб, меѓутоа нема голема заинтересираност за неговите услуги.

Луиз Адриано минатата година беше на чекор од трансфер во Кина, но неговиот трансфер пропадна во последен момент. Бразилецот потоа одлучи да остане во Милан и да се избори за место во првиот тим, меѓутоа, очигледно не успеа ниту во тоа.

Италијанските медиуми пренесуваат дека деновиве Луис Адриано конечно успеал да пронајде нов клуб и наводно е на чекор од трансфер во московски Спартак. Наводно Бразилецот веќе отпатувал во Германија каде што рускиот тим е на подготовки за да ги мине медицинските прегледи.

29-годишниот напаѓач во 2015-та година пристигна на „Сан Сиро“ како големо засилување од украински Шахтјор, но на крајот сепак се покажа како големо промашување.


Спонзорирани линкови

Маркетинг