Во последната година од владеењето на Обама фрлени 26.171 бомби - во само 7 држави!

Точка

12/01/2017

09:15

2.756

Големина на фонт

а а а

Во согледувањето на наследството на Обама мора да се земат и следните факти. Во 2016. година, последната година на мандатот на Обама, воените сили на САД фрлиле 26.171 бомба во седум различни држави, известува Канцеларијата за односи со странство.

Оваа проценка е веројатно прениска, со оглед на тоа дека доверливи податоци се достапни само за воздушните удари во Пакистан, Јемен, Сомалија и Либија, а еден "удар" според класификацијата на Пентагон може да значи повеќе фрлени бомби или проектили.


Но и според таа конзервативна проценка, САД фрлиле 3.027 бомби повеќе во 2016. отколку во претходната година.


Далеку најмногу биле фрлени во Ирак и Сирија - 24.287 бомби. Оваа проценка се темели на процентот на американските воздушни удари во делувањето на меѓународната коалиција за борба против ИСИС во овие две земји.


Од вкупно 30.743 бомби кои коалицијата ги фрлила, на САД се препишуваат 79 проценти.


САД фрлиле од прилика исто бомби во Ирак, 12.095, и во Сирија, 12.192 бомби.


Дури 1.337 биле фрлени во Авганистан 496 во Либија, 34 во Јемен, 14 во Сомалија, и 3 во Пакистан.


Спонзорирани линкови

Маркетинг